Министерот за животна средина и просторно планирање Aбдилаќим Адеми и министерот за економија Валон Сраќини во понеделник, во рамки на проектот „Отворено со бизнисот", остварија средба со претставниците на компаниите кои инвестираат во изградба на мали хидроцентрали. Министерот Адеми информираше за степенот на реализацијата на проектот за мали хидроцентрали, согласно новиот закон за води и законот за концесии. Подготвена е физибилити студијата од шестиот пакет мали хидроцентрали за оправданост на доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроцентрали за 80 локаци, а истата е изработена согласно уредбата за физибилити студии и ги содржи сите потребни информации од економски, правен, финансиски и технички аспект.
Министерот за животна средина и просторно планирање Aбдилаќим Адеми и министерот за економија Валон Сраќини во понеделник, во рамки на проектот „Отворено со бизнисот", остварија средба со претставниците на компаниите кои инвестираат во изградба на мали хидроцентрали.
Министерот Адеми информираше за степенот на реализацијата на проектот за мали хидроцентрали, согласно новиот закон за води и законот за концесии.
Подготвена е физибилити студијата од шестиот пакет мали хидроцентрали за оправданост на доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроцентрали за 80 локаци, а истата е изработена согласно уредбата за физибилити студии и ги содржи сите потребни информации од економски, правен, финансиски и технички аспект - изјави тој.
На средбата беше потенцирано дека инвестициските трошоци потребни за реализирање на сите 80 МХЕЦ се проценети на 176 милиони евра, а вкупната инсталирана моќност е проценета на 63 мегавати.
Доколку се реализираат сите 80 МХЕЦ вкупното очекувано производство на електрична енергија ќе изнесува 226 гигават часови, при што антиципираниот приход би бил 12,8 милиони евра.